Комората на архитекти и инженери бара измени во Законот за градење

Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија бара измени во Законот за градење. Оттаму, своите забелешки денеска ги предочија на средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

Архитектите и инженерите бараат  во Законот за градење да се измени делот со категоризација на градби. Тие велат дека погрешната категоризација не остава некои особени последици, но сепак претставува прашање кое не може да се проучи за еден ден.

Претседателот на Комората, Миле Димитровски констатира дека ова е постар проблем:

„Некои објекти се категоризирани во прва, некои по грешка се ставени во втора и ние би сакале тие мали грешки да ги исправиме. На пример рудниците се ставени во втора категорија, ние би сакале да се во прва. Генерално, неманекој проблем кој го решаваме денеска. Се работи за мал број објекти кои се ставени во друга категорија наместо во таа што припаѓаат“.

Димитровски денеска пред новинарите не ја коментираше веста за згрешената траса на автопатот Кичево Охрид. Не знаеме кои се колегите што згрешиле.

„Прашањето има поширок опсег и засега повеќе субјекти“, изјави Димитровски.

„Ние не знаеме кои се колегите што работеле на проектот. Доколку од нас се побара да побараме одговорност за некој од нашите членови  ќе го направиме тоа, но сега со овој процес не сме запознаени Знаеме само дека нешто е згрешено. Тие што проектирале или вршеле надзор треба да се искажат“, додаде тој.

На денешната средба со Сугаревски, во Комората се зборуваше и за тарифникот, односно за утврсување на цените на услугите. Сепак, оттаму истакнаа дека целта на средбата не е широка расправа, туку само запознавање на министерот со работата на Комората.

Би те интересирало и

Акција „Вдоми куче“ во Куманово

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата ...

До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија ...