Комплетирано претпоследно коло во Првата кошаркарска лига

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија се одиграа натпреварите од претпоследното 13.коло во Првата машка лига, по кое и официјално се познати шестте екипи кои ќе играат во Супер лигата.

Фаворитите ја оправдаа улогата и забележаа победи на дуелите од оваа рунда.

Победи на гостински терен остварија Работнички против Пелистер со 95-60 и Кожув против АВ Охрид со 86-80, додека пред своите симпатизери се радуваа Куманово во дуелот со Вардар 86-69 и Фени Индустри кој убедливо ја победи Струмица со 97-69.

До крајот на прволигашкиот дел, првопласираните четири екипи на табелата Работнички (24 бодови), Фени Индустри (23), Куманово (21) и Кожув (20) го осигураа своето место во супер лигата во која ќе им се приклучат МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, додека Струмица (17), Пелистер (17), АВ Охрид (16) и Вардар (13), ќе играат во плејаут лигата.

Последното коло во прволигашката конкуренција ќе се игра на 4 март.

Би те интересирало и

Давитков го повика, Хендрикс веднаш долета во Македонија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков бргу го смени планот, првите два натпревари во ...

Димитријевиќ со пет поени учествуваше во третата сезонска победа на Хувентуд

Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ постигна пет поени во третата сезонска победа на Хувентуд, овојпат во ...