Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи

Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави одлуката за својата иднина.

– Се наоѓаме во сложена ситуација, но јас сум фокусиран на тековните задачи, тука и сега. Се трудам да си ја вршам својата работа на најдобар можен начин за играчите и фановите. Загубивме многу поени на почетокот на шампионатот, но сега не е време за такви спомени. Потребно ни е да земеме по три поени во дуелите со Хадерсфилд и Њукасл и да чекаме грешки на конкурентите, прокоментира Антонио Конте на пресот пред вечерашниот натпревар.

Тој додаде дека по две недели, кога сезоната завршува, ќе ги објави варијантите за неговата иднина.

– Ако останам во Челзи, со вас (новинарите) повторно ќе почнеме да разговараме за мојата иднина следната сезона, додаде на шега Конте.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството – пренесе ...

Фергусон се разбудил од кома и разговарал со семејството

Легендата на Манчестер јунајтед во саботата итно беше опериран поради излив на крв во мозокот. ...