Конте: Последното интервју беше погрешно пренесено

Навивачите на Челси можат да здивнат бидејќи менаџерот Антонио Конте потврдил дека е среќен во клубот и дека неговото неодамнешно интервју било лошо пренесено.

Пред неколу недели англиските медиуми пренесоа дека Конте не е среќен во Лондон, дека му недостига Италија и дека е подготвен наредното лесто да се врати во татковината.

Сепак, тој објаснил дека преводот бил лош, односно дека има намера да го одработи својот договор со Челси до крај.

„Во мојата глава не постои идеа да останам во странство долго време. Добро е да се стекнат поинакви искуства, но мојата намера е еден ден повторно да се вратам во Италија. Искрено, минатата сезона многу патев, бидејќи кога ќе пристигнеш во нова земја се чувствуваш осамено и не е лесно кога семејството не е тука. Пред две недели дадов интервју во кое моите зборови беа погрешно протолкувани. Само реков дека сакам еден ден да се вратам во Италија, но дека имам уште две години од договорот со Челси и дека сум среќен во клубот“, рекол италијанскиот тренер.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...