Конференција за унапредување на работата на Антикорупциска

Конференција насловена „Моделот на превентивното тело за антикорупција: како функционира сегашниот модел и дали има потреба од измени?“ ќе се одржи денеска во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Транспрентност Македонија (ТМ). На конференцијата ќе се обрати Драго Кос, претседател на работната група на ОЕЦД за поткуп во меѓународни деловни односи и поранешен претседател на Антикорупциска комисија во Словенија.

МЦМС ќе ги претстави резултатите од следењето на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во периодот од јануари до јуни 2017 г.

ТМ ќе ја претстави анализата на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судирот на интереси и препораки за подобрување на институционалната и правна рамка, подготвена од Вања Михајлова, поранешен член на ДКСК.

Целта на конференцијата е да се отвори дискусија за досегашното функционирање на ДКСК во спроведувањето на антикорупциските политики и борбата против корупцијата и потребата од измени на моделот на Комисијата како превентивно антикорупциско тело.

Конференцијата е дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...