Концертот на корејската група Tago&АtoBIZ одложен за утре – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Концертот на корејската група Tago&АtoBIZ одложен за утре

Настапот на корејската група Tago&АtoBIZ, во рамките на програмата на „Бела ноќ“ во Скопје закажан за вечерва во 21 часот, се одложува за утре во 19 часот, на плоштадот Македонија – соопштија од МКЦ.
Одложувањето, според организаторите, е поради лошото време и најавите за дожд во текот на целиот ден, а со цел скопјани да имаат можност целосно да уживаат во сценско-музичкиот спектакл „Таго: Корејски тапан 2“.
-Сметаме дека граѓаните на Скопје заслужуваат оваа светска атракција да ја погледнат во што поголем број, и во услови што ќе овозможат нивниот настап да биде на највисоко, светско ниво, како што обично тоа го прават низ целиот свет – појаснуваат од МКЦ.

Би те интересирало и

Денеска започнува манифестацијата „Снежен град“ на Попова Шапка

Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ почнува денеска на Попова Шапка во организација на Детскиот културен ...

Прилепскиот театар подготвува втор дел на култната детска претстава ,,Волшебникот од Оз“-,,Враќањето на Дороти“

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“  интензивно ја подготвува првата премиера во новата 2018-тта година и тоа ...