Концерт на гитара на Струмица опен фестивал – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Концерт на гитара на Струмица опен фестивал

133295733-70543

Педесет учесници синоќа беа дел од концертот на гитара што се одржа во рамки на Струмица опен фестивал 2016 во амфитеатарот во градскиот парк. На концертната вечер и претходеше тридневна работилница под менторство на Васко Пиличев и Дејан Лазаревски.

– Оваа година се пријавија 50 ученици што за ваков вид манифестација е навистина огромен број. Имаше деца на возраст од 7 до 23 години, од почетници, основци, средношколци, па до студенти по гитара. Да се видат сите тие прекрасни дечиња, задоволни средношколци, горди студенти, насолзени очи на родители, пресреќни баби и дедовци и задоволна публика е нешто неверојатно. Благодарност до сите кои го поддржаа овој настан и се надевам наредната година ќе бидеме уште подобри, изјави Пиличев.

На завршниот концерт младите гитаристи изведуваа претежно класични дела, но и обработки на македонски народни мелодии за дуо гитари, обработка на македонски евергрин и рок композиција, а првпат годинава имаше и флејта и виолини.

Струмица опен Фестивалот почна на 6 август и ќе трае до 14 август со последните три музички вечери на кои ќе настапат поголем број македонски и балкански музичари.

Би те интересирало и

Струмичкиот карневал меѓу седумте највозбудливи зимски дестинации во Европа

Во словенечкиот магазин „Во воздух“ Струмичкиот карневал е понуден како возбудлива зимска дестинација од вкупно ...

Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ

Во Македонската опера и балет денеска напладне ќе биде изведена балетската претстава за деца „Снежана ...