Концерт на Македонската филхармонија и Елена Мисиркова во Виена – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Концерт на Македонската филхармонија и Елена Мисиркова во Виена

filharmonija

Гудачкиот оркестар на Македонската филхармонија на 9-ти декември ќе гостува во Виена, каде што ќе одржи концерт посветен на македонското творештво. Диригент ќе биде Саша Николовски Ѓумар, а како солист ќе настапи пијанистката Елена Мисиркова Лоза, која живее и работи во австриската престолнина.

На концертот, кој ќе се одржи во салата на Дипломатската академија во Виена, ќе бидат изведени делата:„Стари танци“ од Властимир Николовски, „Песна и танец“ од Тома Манчев, Концертна пиеса за гудачи и пијано од Сони Петровски, „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски, како и две композиции од австрискиот композитор Франц Шрекер.

Како што соопшти филхармонијата , творбите со кои ќе се претстави оркестарот се дела на автори од различни генерации македонски композитори, исклучителни претставници на македонската музика, култура, чиј музички опус претежно е инспирација од богатиот фолклорна поднебјето од каде што доаѓаат . Концертот е организиран со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Австрија и македонското Министерство за култура.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Месец на бугарски филм

Манифестацијата „Месец на бугарски филм“, која почна во Кинотеката на Македонија на 1 февруари, ќе ...

Со хит комедијата ,,Од кол на кол“ прилепскиот театар денес слави 68 години од формирањето

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на ...