Координативни тела во општините ќе ги заштитуваат дискриминираните граѓани

„Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај“ – ова е главната порака на кампањата за заштита од дискриминација, која Асоцијацијата ХЕРА ја почна денеска, заедно со Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници.

Штип, Куманово и Струмица се трите општини во кои ќе се основаат  Координативни тела за заштита од дискриминација. Тие ќе работат според Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација. Формирањето на овие Координативни тела е дел од најновиот проект на ХЕРА,  во кој се вклучени и Народниот правобанител, Министерството за првда и Комисијата за заштита од дискриминација.

Досегашното искуство покажало дека покрај родовниот идентитет, сексуалната ориентација во Македонија и понатаму останува на прво место како основа на дискриминација.

Сепак, според координаторката на проектот, Драгана Дрндаровска во соработка со Советите на општините  дискриминаторските форми ќе се препознаваат и пријавуваат на сите основи.

„Претходната година работевме на национално ниво, меѓутоа се утврди потребата за повеќе да се работи на локално ниво, бидејќи на национално ниво во Скопје ја имаме Комисијата за заштита од дискриминација. Таа е централизирано тело и функционира повеќе во Скопје па е потешко достапна за граѓаните од другите градови“, нагласува Дрндаровска.

Таа додава дека луѓето од ЛГБТИ заедницата се’ повеќе се соочуваат како со вербални, така и со физички напади, но не ги пријавуваат, зашто не веруваат дека институциите ќе реагираат.

Претставничката на општина Штип, Снежана Санева истакнува дека оваа општина нема многу големо искуство со пријави за дискриминација, бидејќи како што вели, веројатно наоѓаат начини  како да се справат со вакви случаи.

„Имавме пријави од жени кои на кои не им бил продолжен договорот за работа бидејќи останале бремени. Локалната самоуправа нема ингеренции во решавање на вакви претставки, но можеме да ги координираме институциите кои работат на ова“, изјави Санева.

Асоцијацијата ХЕРА и Коалицијата Сексуални и здравствениправа на маргинализирани заедници денеска го презентираа проектот на трибина во Штип.

Истиот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.

Додади коментар

Би те интересирало и

Новата учебната година почнува на 4 септември

Учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне на 4 септември (понеделник), ...

Австралиска сенаторка носеше бурка во Сенатот

Лидерот на австралиската екстремно десничарска партија „Една нација“, Полин Хансон, носеше бурка за време на ...

Close