Коритото на тетовската река Пена наликува на дива депонија

Коритото на тетовската река Пена на повеќе локации наликува на дива депонија.

Несовесните граѓани фрлаат се и сешто. Од градежен шут, опрема од домаќинства, до разновиден комунален смет. Често во реката се истураат и фекалии собрани од септичките јами од домаќинствата, кои живеат во селата во близина на Тетово. Граѓаните велат дека порано коритото на река Пена и чистата шарпланинска вода која течела по коритото ги правеле горди, а сега Пена велат е срам за градот.

Неисчистеното корито на Пена освен што е еколошка катастрофа, може да предизвика и излевање на водата од коритото, велат експертите. Универзитетскиот професор Вулнет Палоши, вели дека висината на коритото е ниско затоа што е затрупано со земја и отпад и во случај на поголем пороен дожд количината на вода која ќе ја донесе реката нема да ја собере во коритото, и истата ќе се излеа надвор од коритото

Од Општина Тетово, велат дека годинава не го исчистиле коритото не реката Пена. Досегашниот градоначалник на Тетово Теута Арифи, која ќе се бори и во вториот круг од локалните избори за уште едне мандат, минатиот месец рече дека локалната самоуправа планира кон крајот на годината да го исчисти коритото. Таа додаде дека годинава биле многу зафатени, со чистење на депонијата и на други диви депонии во и надвор од градот.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...