Кочанските пожарникари апелираат на внимание и превенција на пожари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Кочанските пожарникари апелираат на внимание и превенција на пожари

Територијалната противпожарна единица на Кочани која ги поктива и општините Зрновци и Чешиново Облешево, во соработка со Полициската станица и Подрачната единица на Министерство за земјоделство, ги започна активностите за заштита на населението од пожари.

Со посета на месните заедници во полскиот дел од општините во регионот, се апелира за поголемо внимание, најмногу до земјоделците кои ги палат своите стрништа, дека поради топлото време и појавата на ветер, постои опасност за предизвикување поголеми штети.

Од ТППЕ Кочани информираат дека од почетокот на оваа година досега се регистрирани 123 пожари што е 40-тина пожари повеќе во споредба со истиот период лани. Од нив 39 пожари се на отворен простор.

– Иако годинава се намелени пожарите во ридско планинскиот терен на Осоговијата, сепак, во два пожара е уништена борова и дабова шума на површина од 40 хектари, изјави Дејанчо Арсов, командир на ТППЕ на Кочани.

Бидејќи кочанската територијална противпожарна единица ги покрива и општините Зрновци и Чешиново Облешево, Арсов додава дека најголем број пожари 60 се регистрирани во општина Чешиново Облешево, додека во општина Зрновци бројот на пожарите е намален и за овој период од годината изнесува само 10.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Автобус прегази велосипедист вечерва

Сообраќајна несреќа се случила денес во 16.20 часот  на магистралниот пат Штип-Кочани во близина на ...

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска ...