Кочов повика 23 кошаркари за подготовките на репрезентацијата до 18 години

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 18 години Ѓорѓи Кочов, заедно со тренерите од стручниот штаб го изготви списокот на играчи повикани за првиот собир, закажан за в четврток (15 јуни) кој ќе се одржи во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“) со почеток во 8 часот наутро.

На списокот на Кочов се наоѓаат:
Андреј Јордановски – КК Работнички
Лука Стојановски – КК Феникс
Павле Михајловски – КК Земун
Марко Анастасов – КК Работнички
Славчо Темелковски – КК Работнички
Дамјан Крстевски – КК Работнички
Валмир Какруки – КК Шкупи
Томи Петров – КК Кожув
Јосиф Наумовски – КК Феникс
Александар Јанев – Италија
Роберт Стојанов – КК Вардар
Филип Ѓоревски – КК Вардар
Енис Реџеп – КК Шкупи
Никола Шопов – КК Вардар
Мартин Ѓоргевски – КК Пинк Пантери
Антонио Георгиевски – КК Работнички
Кирил Панов – Шпанија
Благоја Димитриев – КК Феникс
Дамјан Лазаров – Италија
Дамјан Миса – КК МЗТ Скопје
Иван Волкановски – КК Вардар
Андреј Деолски – КК Работнички
Мартин Трсунов – КК МЗТ Скопје

Со овој собир официјално започнуваат подготовките на националниот состав кој оваа година ќе настапи на Европското првенство, Дивизија Б што во периодот од 28 јули до 6 август ќе се одржува во Талин, Естонија.

Додади коментар

Би те интересирало и

Шпанските кошаркарки ја освоија европската титула

Женската кошаркарска репрезентација на Шпанија е новиот европски шампион. Кошаркарките на Шпанија ја освоија европската ...

Николиќ повеќе не е тренер на Карпош Соколи

Српскиот стратег со македонски пасош, Драган Николиќ повеќе не е тренер на Карпош Соколи, откако ...

Close