Кошарка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

NBA All-Star: Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Стеф Кари (видео)

67-от НБА ол стар меч заврши со победа на тимот кој го состави Леброн Џејмс од 148:145 над НБА ѕвездите кои ги собра Стеф Кари. Ова издание на НБА ол-стар мечот беше поинакво од другите, Леброн Џејмс и Стеф Кари создадоа два тима кои играа еден против друг. Ваквиот концепт ...

Повеќе »

NBA All Star: Мичел најатрактивен во забивањата, Букер прецизен како снајпер (видео)

Светот не е премногу воодушевен од втората ноќ во НБА олстар-викендот, особено од натпреварот во забивање, сепак колку и да беа (не)атрактивни кошаркарите мораше да има победник, а годинава тоа е Донован Мичел од Јута. Мичел стигна на натпреварувањево во забивање само како замена за повредениот Арон Гордон, но на ...

Повеќе »

Голден Стејт може и без тренер!

Стив Кер, тренерот на Голден Стејт на сред натпревар против Феникс Санс сфати дека нема што повеќе да ги научи играчите на актуелниот НБА шампион. Во текот на еден тајм-аут, Кер го повика Андреа Игодала му го предаде фломастерот и рамката на која се цртаат акциите и се тргна на ...

Повеќе »

Монро се договори со Бостон

Досегашниот кошаркар на Феникс Санс, Грег Монро ја продолжува кариерата Бостон Селтикс. Лидерот во Источната конференција на НБА објави дека потпиша 12-месечен договор со седмиот пик на драфтот во 2010 година. Се шпекулира дека дваесет и седумгодишниот Монро ќе заработи 5 милиони долари. За Монро заинтересиран беше и Њу Орлеанс, ...

Повеќе »

Ол-стар: Леброн го избра Ирвинг во својот тим

Леброн Џејмс го избра довчерашниот соиграч Кајри Ирвинг за еден од соиграчите на претстојниот НБА Ол-стар. Ирвинг минатото лето го напушти Кливленд и премина во Бостон со цел да побегне од „сенката“ на Џејмс, па оваа одлука на „кралот“ Кајри да биде во неговиот тим ја изненади НБА јавноста. Оваа ...

Повеќе »

Леброн Џејмс и Стеф Кари ги одбраа своите тимови за Ол-стар натпреварот

„Кралот” бираше прв и го украде Кевин Дурант од Стеф Кари, а го одбра и Кајри Ирвинг со кого немаше добар однос во Кливленд. Познати се тимовите за Ол-стар натпреварот кој на 18. февруари ќе се одигра во Лос Анџелес. Леброн Џејмс и Стеф Кари го направија првиот историски драфт, ...

Повеќе »

МЗТ Скопје го претрпе 14-от пораз оваа сезона

На домашен терен загубија со убедливи 92-58 од актуелниот шампион Црвена Ѕвезда. За белградскиот клуб ова беше 14-та победа оваа сезона. На ранг-листата на АБА Лигата, скопскиот тим е на последното место со учинок од 14 порази и само три победи. Следниот дуел на МЗТ е на гостински терен против ...

Повеќе »

НБА ги откри резервите за „Ол-стар“ натпреварот во Лос Анџелес

Најдобрите НБА играчи на 18 февруари ќе бидат на едно место, „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, и ќе го одиграат егзибицискиот „Ол-стар“ натпревар на половина од новата сезона. Неодамна беа одредени капитените и стартерите на двете екипи, а вчера беа откриени имињата, кои ќе бидат резерви. Источна конференција: Кајл Лаури ...

Повеќе »

Коби Брајант доби номинација за Оскар

Поранешната НБА ѕвезда, Коби Брајант, постигна навистина голем број успеси во кошаркарската кариера, меѓу кои се петте шампионски титули и два златни олимписки медали. Но, успесите на легендата на Л.А Лејкерс денеска доби нови димензија откако Коби доби номинација за филмските награди Оскар и тоа во категоријата краток анимиран филм. ...

Повеќе »

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде во текот на оваа седмица ќе одиграат по четири пријателски натпревари. Младинските репрезентативци ќе го искористат искуството стекнато во српската престолнина изминатата недела како и од тековната во Турција за предизвиците кои им претстојат за ...

Повеќе »

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите членови, од играчите па се до возачите и хигиеничарките. Одлуката ја соопштил генералниот менаџер на клубот Павел Астакјов. Раководството на Химки смета дека тимот никогаш не бил посилен според имињата и поради тоа било недозволиво ...

Повеќе »

Леброн Џејмс и дружината поразени во Минесота: Кавс губеа и со 41 разлика (видео)

Минесота одигра перфектен натпревар или Кливленд одигра очајно, никогаш нема да може да се процени доволно добро за да пресудиме, но домашниот тим славеше убедлива победа од 127-99. Пред крајот на третиот период актуелниот вицешампион имаше негатива од неверојатни 41 поен. Кавалирс не беа на своето ниво, па затоа Џими ...

Повеќе »

МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува Игокеа

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево со почеток од 17 часот го игра дуелот од 15. коло во АБА лигата, а во Скопје гостува Игокеа, една од двете екипи против кои „металците“ имаат победа сезонава. Во дуелот од 4. коло, МЗТ Скопје победи со 108:99. На денешниот дуел, тренерот ...

Повеќе »

ДеРозан стана играч со најмногу поени на еден меч во дресот на Торонто

ДеМар ДеРозан постигна 52 поени за победа на Торонто од 131:127 во дуелот против Милвоки. ДеМар ДеРозан беше незадржлив во дуелот против Милвоки. Ѕвездата на Торонто даде 52 поени и тоа беше доволно за победа на „рептилите“ од 131:127. Тој е само третиот играч во историјата на Торонто, кој успеал ...

Повеќе »

Лалиќ: Тежок меч, ама ќе дадеме се’ од себе да го изненадиме Задар

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром утревечер ќе го одигра последниот меч во 2017 година и тоа на гости кај тимот на Задар. МЗТ на овој дуел ќе настапи без повредениот Марко Симоновски, неизвесен е настапот на Дарко Соколов. Никола Павличевиќ веќе е минато, додека младиот Андреј Настоски нема право ...

Повеќе »