Кошулата по која сите „плукаа“ стана моден хит – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Кошулата по која сите „плукаа“ стана моден хит

Кошулите со таканаречен хавајски принт некогаш беа исклучително актуелни, но со текот на времето како да станаа симбол од категорија на „невкус и кич“. Барем за некои. Но, изгледа дека сега се враќаат во полн сјај.

Таков впечаток доби публиката која присуствуваше на претставувањето на машката колекција на модната куќа Louis Vuitton. Моделите прошетаа по писта во креации меѓу кои преовладуваат токму хавајските кошули. Модната критика во новите парчиња виде асоцијација на моделите кои пред 20 години актерот Леонардо Ди Каприо ги носеше во филмот „Ромео и Јулија“. Кон ваквиот тренд се приклучија и други модни куќи, а хавајскиот принт си резервираше позиција и во женските колекции.

 

Би те интересирало и

Секси Дедо Мраз по кој лудуваат девојките

Канаѓанецот Пол Мaсон стана вистинска интернет сензација пред две години, кога првпат беше дел од ...

Избрана најубавата Германка постара од 50 години

Германската писателка Мануела Тома Адофо (50) го освои првото место на изборот на убавица Мис ...