Која е Невенка Стаменковска, наследничката на Никола Тодоров во Собрание?

Откако пратеникот Никола Тодоров целосно се откажа од сите политички функции, неговото место во Собранието на Република Македонија треба да го заземе Невенка Стаменковска како следен кандидат од пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изборната единица 2.

 

На последните предвремени парламентарни избори Тодоров беше носител на листа во двојката и освен него во Собрание „повлече“ уште осумина пратеници. Испразнетото место на Тодоров треба да го заземе Невенка Стаменковска која во партиските редови беше ангажирана за прес конференции на кои ја напаѓаше работата на Специјалното јавно обвинителство.

Стаменковска исто така го критикуваше Зоран Заев премиерот во најава, за неговите ветувања за целосен реизбор на судиите при што би се расчистило со сите сомнителни или корупмирани кадри па одново би се бирале судии врз база на повеќе стандарди и критериуми.

Тодоров рече дека се повлекува за да се посвети на адвокатурата, но ќе продолжи со партиските активности во ВМРО-ДПМНЕ.

Преземено од: Фактор

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close