Кој кандидат за Општина Тетово ќе го поддржат македонските политички партии

Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово на прес конференција соопштија дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржат тој кандидат за Општина Тетово, кој ќе ја подржи програмата на ВМРО ДПМНЕ изработена за Општина Тетово.

Горан Манојлоски од ВМРО ДПМНЕ, кој беше кандидат за градоначалник за Тетово рече дека и двајцата кандидати, Билал Касами од Беса и Теута Арифи од ВМРО ДПМНЕ кои ќе се тркааат во вториот круг од локалните иззбори, треба да знаат дека на минатите избори, гласовите на ВМРО ДПМНЕ биле одлучувачки за изборот за градоначалник на Тетово.

Од општинската организација на СДСМ, денеска на прес конференција соопштија дека и во вториот круг од локалните избори ќе ја подржат Теута Арифи, како кандидат за градоначалник на Тетово.

На минатите локални избори ВМРО ДПМНЕ ја гласаше Теуат Арифи за градоначалник на Тетово, а за возврат од оваа партија бараа да се решат главните проблеми, со кои се соочуваат Македонците во градот. За таа цел беше потпишан договор, кој според ВМРО ДПМНЕ и по  поминати четири години од потпишаниот договор, не е исполнета ниту една точка.

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...