Кражба од 2 милиони денари во Гостивар

Во периодот од 19.00 часот на 16.02.2017 година до 09.00 часот на 17.02.2017 година во Гостивар, на ул. „Браќа Ѓиноски“, во „Вестерн Унион“ непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од работното биро одзел сеф во кој имало 6.540 евра, 2.111 УСА долари и 77.300 денари, а потоа од работната маса одзел одредена  количина стари пари и монети, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...