Кралицата дозволи: Ќе има свадба меѓу принцот Хари и Меган Маркл

Откако на крајот на минатата година Елизабет II го благослови односот на внукот принцот Хари со неговата нова девојка – американската актерка Меган Маркл, конечно дојде и долго очекуваниот од сите момент во кој кралицата даде дозвола за венчавкаж меѓу вљувените, открива близок извор на кралското семејство, пишуваат Mirror и Daily Express.

Ова се случи само една недела откако папараците го фатија парот на паркинг и го овековечија првиот јавен бакнеж помеѓу нив. Весниците тогаш излегоа со наслови: Фатении принцот Хари со неговата девојка! Штом информациите за кралската дозвола излегоа на виделина, медиумски експерти се впуштија во трка да прават прогнози за претстојниот брак меѓу 32-годишниот Хари и 35-годишната актерка од Калифорнија. Според повеќето мислења настан најверојатно ќе се случи уште оваа година.

Веста доаѓа неколку дена откако портпаролот на Вестминстерската опатија ја откри веста дека принцот Хари може да се ожени за својата разведена пријателка во истата црква, каде неговиот брат принцот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон, а неговиот татко принцот Чарлс и рече “да” на принцезата Дијана.

Јавно во англиската кралска фамилија е зрело време за свадби, бидејќи веста за претстојната свадба меѓу принцот Хари и Меган доаѓа во време на уште еден настан што вчера се случи. Имено, тоа беше свадбата на “Пипа” – сестрата на Кејт Мидлтон.

Превземено од: Локално

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...