„Кралот Џејмс“ незапирлив во Бостон (видео)

Кошаркарите на Кливленд со брекј во Бостон ја отворија финалната серија во Источната конференција, во НБА лигата. Кливленд, изминатата ноќ, победи на теренот во Бостон 117:104.

Актуелните шампиони до триумфот стигнаа благодарение на Леброн Џејмс кој во овој плејоф игра во неверојатна форма. „Кралот Џејмс“, натпреварот го заврши со 38 поени, девет скокови и седум асистенции.

Кошаркатите на Кливленд имаа една недела за одмор, за разлика од противникот кој играше седум натпревар во полуфиналето против Вашингтон. Тие триумфот го најавија уште во првата четвртина (30:19), а по првиот дел имаа 2 поени повеќе од противникот.

Покрај Џејмс, кај победникот се истакнаа уште Кевин Лав со 32 поени и 12 скокови, односно Тристан Томпсон со 20 поени.

Најефикасни играчи кај Бостон беа Џае Краудер и Ејвери Бредли со по 21 поен, додека Ајзеа Томас забележа 17 поени и 10 асистенции.

Наредниот меч од оваа серија ќе се одигра ноќта помеѓу петок и сабота, а домаќин повторно ќе биде Бостон.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Доделени наградите за најдобрите во НБА лигата

Во конкуренција на Џејмс Харден од Хјустон и Каваи Ленард од Сан Антонио, кошаркарот на ...

Close