Красниќи се врати во затворот во Штип

Кондовецот Агим Красниќи по викендот поминат дома, се вратил на натамошно издржување на казната во штипскиот затвор, потврдија за Канал 77 од управата.

фото: архива

Красниќи се најде на слобода првпат по девет години поминати во затвор. Ова одредени медиуми го искористија да се нафрлат врз власта, дека го ослободува осудениот за изборни инциденти во пресрет на локалните избори. Привременото пуштање на Красниќи, според оценките на овие медиумите, било во функција на изборната победа на СДСМ. Меѓутоа, од затворот во Штип објаснија дека затвореникот ги исполнил законските услови за одење на викенд, што до сега, не било случај. Вториот затвореник, кој дојде во центарот на вниманието на јавноста е Бајруш Сејдуи. Кумановчанецот, кој исто како и Красниќи, по подолго време доби времен отпуст. Сејдиу задутре треба да се врати во затворот на Штип, каде ја одлежува затворската казна.

Управата за извршување на санкции го уважи барањето на адвокатите на Сејдиу за времен отпуст, поради тешката здравствена состојба на неговата сопруга. Пред три месеци на Сејдиу не му беше дозволен отпуст за да присуствува на погребот на неговата мајка. Според објаснувањето од затворската управа, Сејдиу тогаш не ги исполнувал законските услови за отпуст макар и на еден ден.

Извор: ММС

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...