Крај на неизвесноста: Меси конечно става потпис на нов договор со Барса

По речиси цела година разонаразни гласини и неколку прекини на взаемните преговори, претставиците на Лионел Меси и одговорните луѓе на Барселона ставија крај на неизесноста наречена „нов договор“ на феноменалниот Аргентинец, а ваквата ексклузивна и многу важна вест за навивачите на Барса ја пренесоа сите најугледни каталонски и шпански медиуми – пишува денеска порталот Дерби.

Најблиските извори на клубот пренесуваат дека документите се веќе подготвени и дека само ќе се почека да заврши медениот месец на Меси, но најавено е дека Барселона уште во текот на денешниот ден ќе потврди дека најголемата ѕвезда останува на „Камп Ноу“ уште најмалку три години. Најмалку поради тоа што Аргентинецот побарал еден интересен услов од првите луѓе на Барселона, односно самоиницијативно инсистирал неговиот договор да гласи „три плус еден“.

Ова значи дека Меси сигурно уште три сезони ќе го носи дресот на Барселона, но во зависност од тоа во каква форма ќе се наоѓа, ќе одлучи дали ќе биде подготвен и доволно добар да го претставува каталонскиот гигант и во 2021 година.

Ваквиот потег на Меси е само потврда за неговиот неверојатен професионализам и голема чесност, а иако првично не се откриени детали за тоа колку ќе заработува годишно од новиот договор, познато е дека неговата откупна клаузула ќе изнесува фантастични 300 милиони евра.

 

Извор: www.derbi.mk

Би те интересирало и

Конте: Последното интервју беше погрешно пренесено

Навивачите на Челси можат да здивнат бидејќи менаџерот Антонио Конте потврдил дека е среќен во ...

Малдини: Интер имаат резултати, но не и игра

Паоло Малдини реши да проговори пред дербито на Милано, велејќи дека неговиот поранешен тим Милан ...