Кривична за кумановец кој објавувал слики на „Фејсбук“ од девојката

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против 36-годишниот Е.А. од Куманово, за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.

– Е.А. без согласност на С.А., со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа „Фејсбук”, креирал три лажни профила на кои прикажувал фотографии од оштетената, од нејзиниот брат, фотографии од малолетното дете на нејзиниот брат, оставајќи разни коментари, како и пораки со навредлива содржина, а со намера да и наштети на нејзината чест и углед – тврдат од МВР.

Преземено од: Нова Македонија

Би те интересирало и

Момче удри во три возила, тројца повредени

Дваесетидвегодишниот Б.Ј. од скопското село Сопиште, управувајќи патничко возило „Пежо 206“, удрил во три паркирани ...

Возач загина во сообраќајка во Кочани

Дваесет и деветгодишниот Н.Н. од Кочани загина во сообраќајна несреќа, која се случила изутринава во ...