Кривична за тетовец, кој сакал да пука во автомеханичар

Тетовската полиција му поднесе кривична пријава на четириесет и двегодишниот, Р.М. од село Камењане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21 – ви јуни минатата година во попладневните часови, додека М.А. бил во својата механичарска работилница, забележал возило „Фолксваген пасат“ кое се движело по зелената површина што ја одржувал. М.А.  на возачот му дал знак да застане, но тој со пиштол му се заканил по животот.

Потоа дошло до меѓусебно туркање и влечење М.А. успеал да го одземе оружјето од пријавениот и го пријавил во тетовската полициска станица – информира денеска МВР.

 

Би те интересирало и

Серија земјотреси во Пехчево, Берово и околината

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево – Кресна се регистрирани денеска во ...

Исчезна малолетничка

Вчера претпладне во Полициската станица во Ресен, триесет и шестгодишниот велешанец И.У., а со привремен ...