Кривични пријави против пет поранешни градоначалници

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик.

Кривичните пријави се проучуваат за донесување на понатамошна јавно обвинителска одлука по истите.​

Би те интересирало и

Кражба во Скопје: Отишол по бурек, останал без своето „Ауди“

Дваесет и шестгодишно момче од Кочани пријавило во полициска станица дека вчера претпладне непознато лице ...

Со закана со пиштол ограбен малолетен скопјанец

Четиринаесетгодишник од Скопје вчера во 17:45 часот пријавил дека непознато лице извршило разбојништво врз него. ...