Крис Фрум ќе ја напаѓа титулата и на Вуелта

Британскиот велосипедист Крис Фрум во неделата победи на Тур де Франс, а денес објави дека ќе учествува и на трката околу Шпанија (Вуелта).

Четирикратниот победник на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот, трката околу Франција, член на тимот „Скај“, соопшти дека ќе вози на Вуелта, која е на програмата од 19 август до 10 септември.

Ниту еден велосипедист не успеал да победи на Тур де Франс и Вулета во иста година откако е сменет терминот кога се одржува Вуелта. Трката околу Шпанија сега се вози во август и септември, а претходно се возеше во април.

Двојна круна успеале да освојат Жак Анкетил во 1963 година и Бернар Ино во 1978 година кога Вуелта се возеше во април.

„Имам шанса да ја освојам и Вуелта и секако дека ќе се обидам да го направам тоа. Ја сакам Вуелта, трката секогаш е жестока и јас уживам во тие три недели. Трипати бев вторпласиран во вкупниот пласман, но сега ќе одам на победа. Би било неверојатно доколку успеам во иста година да ги освојам Франција и Шпанија“, рекол Фрум.

Покрај Британецот, од велосипедската елита на Вуелта се очекува да настапат Роман Барде, Фабијан Ару, Алберто Контадор, Виченцо Нибали.

Вуелта оваа година ќе започне на 19 август во францускиот Ним, а по 21 етапа ќе заврши во Мадрид. Минатата година трката ја освои Колумбиецот Наиро Кинтана, а Фрум беше втор.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Стотици Македонци настапија на ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” (галерија)

„ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” беше мотото под кое вчера на кејот на реката Вардар, стотици ...

Пандев му го даде најубавиот подарок на Трајковски

Капитенот на нашиот национален тим и на вчерашниот меч направи гест кој што заслужува почит. ...

Close