Кромид анализа – Македонците се стари над 400.000 години

Aко веќе не сте свесни и не знаете како настанал светот (Биг Бенг она коа балоно коа пукнал) не се бламирајте, отворете очи и изгледајте го видеото, по можност цело!

Што е еден час и ситно за да ви со отворат севселенски тајни! Држте видеото, а за помрзливите ние ќе имаме анализа која ќе можете да ја прочитате побрзо. Освен ако не читате бавно.

Теоријата е, пази сега, дека пред 400.000 години Македонците спонтано настануваат на пет континенти, исто како чиста физика едно тело на 5 различни места у исто време !!!

makedonci 400k stari

Поранешна Македонска Република Тајланд

А кој се настанал од Македонците? Еве на пример индијанците!

Сигурно мислите дека ова е некоја луда идеја, но се разбира дека таквите мисли ви се поради недоволно информираност и мракот кој го наметнуваат западните земји кои сакаат да ја уништат Македонија (жими горниов, ако не е така). Ако сте барале докази (во што се сомневам), еве ви доказ од настанокот на светот. Што пишува? Додуша со лош ракопис затоа што тогаш сѐ уште не биле измислени основните школи од Македонците.

makedonci eksplozija

Меѓу другите докази е и оној што јасно покажува дека набрзо по спонтаното настанување на Македонците на петте континенти тие ја формирале економијата, јавните претпријатија како и јавно приватното партерство што јасно се гледа на оваа слика, а не ги заборавиме и политичките партии СеДеЕс и ЕмВеРмеРо, а исто така и малку позначајните ДуЈеВи. Јасно се забележливи буквите УЈП кои се кратеница од Управа за Јавни Приходи! Ова е првата филијала на тоа државно претпријатие воспоставено во далечната 400.000-та година од пред денес. Што значи како цивилизациски придобивки кои се наши можеме да ги додадеме и фискалната каса, нервозната касиерка и детето кое вришти на каса затоа што татко му не му купува чоколадо, додека си уплаќа данок!

macopicu crtezi od makedoncite

Но тоа не е се, што би рекле од една државна компанија во приватна сопственост која продава производи на телевизија, а не ни плаќа па ќе ја оставиме анонимна. Наша заслуга е и категоризацијата на месото. Во секоја поштена месарница можете да видите слика од крава со испишани бројки! Тоа ги означува регионите на кравата и месото кое доаѓа од таму. И како што можете да замислите тоа е наш производ!

kengur kasapnica makedonci klasifikacija na meso

Македонците пред 400.000 години ја направиле оваа шема со квалитет на кенгурското месото од 1 до 3 каде што еден е најлоштот и тоа може да се користи за паштета, месен нарезок или палча (три наши автохтони производи) дека другите два дела можат да се користат за манџа, печење или пржење (уште три наши автохтони производи, сѐ на се шест). Како што гледате другиот дел од животното е окарактеризирано како ЦУТ – што доаѓа од цвет и во преносно значење би дошло дека другиот дел од животното е супер за конзмација.

Оваа поделаба со мали варијации се коиристи и до ден денешен 402.016-та година според календарот кој некои западноисточни држави, сакаат да го унишат! Е нема да им може!!! НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ ОД ПРЕД 400.000 ГОДИНИ !!! Нека умрат тиа таквите западноисточнаци !!!

mandza

Како што јасно можете да видите на сликава погоре и да расудите на овој зелник се појавуваат сите четири страни на планетата Ма, кај лаиците позната како планетата Земја, испишани со буквата М. Овој експеримент можете да го направите и во вашата домашна кујна, а за тоа ќе ви требаат:

– 1 кг брашно
– 1 јајце
– сол, масло за готвење, вода
– фил по избор: спанаќ, праз, компир, домат, сирење, јајца, зелка

Ете така. Оти вистината не влегува на празен стомак!

Исто тука се и докзаите ја првото македонско и светско дилдо. Единствен неуспех на ова дилдо е што пред да го измислиме маркетингот го измисливме дилдото па така без никаква маркетинг стратегија изумителот го нарекува Уринар, што не ја доловува неговата вистинска намена па затоа останува во фиоката (Да не заборавеме дека ние Македонците први ја измисливме заедно со масичката и гоблено што стои над телевизор) неколку милениуми.

dildoto makedonsko

Сихурно се прашувате во какво општество живеел овој сој на иноватори? Во држава која се простирала на пет континенти и била уредена со различни републики. Ко ЕУ само што сите дрќави биле составени од Македонци. Зошо Македонците би правеле различни држави од ист народ останува мистерија која дополнително треба да ја одгатне науката.

Во видеото се кажува и дека ние имаме дирекна врска со Бог. Телефон, мејл, фб, Вибер… Но како луѓе со директна врска до него би било незгодно да му се обраќаме со Господе или Бог. Тоа е како на пријателите да ми се обраќаш со господине или госпоѓо! Затоа во видеото е откриено и името на Бог. Ни помлаку, ни повеќе туку тој се вика ИЛЕ!!! Па можете да го вика те и Илче, Илко, Илија, Ил – Бој ако сте рапери.

mona liza

Кој ја насликал Мона Лиза? Ако одговоривте Леонардо да Винчи вие сте во заблуда!

Мона Лиза е доло на македонскиот слика Леонардо од Винча, денешна Србија, некогашна Македонија!

 

 

Текстот е на Мојо, со наша мала адаптација. Сите ликови во текстот не се измислени и се поткрепени со “доказ” од првото видео.

Би те интересирало и

Гугл случајно му ја расипа кампањата на Захариев

Кога Гугл ќе вмеша прсти, прави хаос сред кампања. Кандидатот за градоначалник на Штип, Илчо ...

Снајди се па прави ајвар – фyнкционални изговори како да не добиеш казна ако те фати полиција како правиш ајвар

Полицијата последниве неколку недели користејќи специјално тренирани гладни студенти кои можат да намириаат ајвар и ...