Крчмаревиќ ќе го наследи Бубања на клупата на Победа – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Крчмаревиќ ќе го наследи Бубања на клупата на Победа

Црногорскиот стратег Славољуб Бубања повеќе не е тренер на Победа.

По денешниот состанок со клупското раководство досегашнот Шеф на Стручниот Штаб на Победа поради здравствени причини се повлече од функцијата, а клубот за негов наследник утре ќе го официјализира ангажманот на српскиот стратег Слободан Крчмаревиќ.

-Се заблагодарувам на соработката на сите во клубот, на соработнците, на фудбалерите на беспрекорната соработка целиот изминат период и посебно на навивачите, од кои имав подршка како никаде каде сум работел досега. Жал ми е што не освоивме повеќе бодови(оваа пролет само 3 од 15 можни). Но сигурен сум дека Победа од оваа ситуација ќе излезе уште посилна и дека ќе го обезбеди опстанокот во Првата лига. Тоа го посакувам од се срце на клубот, ќе ги следам неговите настапи а Победа секогаш ќе биде во моето срце, изјави Бубања за Канал 77.

Новиот тренер на прилепчани Слободан Крчмаревиќ од 2006 година поседува УЕФА ПРО лиценца. Последен негов ангажман бил во клубот Ал Рифа во Бахреин, а во неговата досегашна кариера како тренер работел во:Рудар Велење-Словенија, Докса-Кипар, Медина-Либија, Жетсу-Казахстан, селектор на У-21 репрезентацијата на Казахстан, Анортозис Фамагуста и Аполон Лимасол-Кипар(Куп трофеј 2009/2010), селектор на У-21 репрезентацијата на Србија(6-то место на ЕП), ОФК Београд –Србија(куп финале 2006-пораз од Ц.Звезда 2-4 во продолжение и 3-то и 5 место место во првенството со два пласмани во Куп на УЕФА) и во младите категории во Партизан и ОФК Београд.

Како играч Крчмаревиќ кариерата ја започнал во Партизан, настапувал и за ОФК Београд, а интернационална кариера градел во АИК Стокхолм(Шведска), Аполон Лимасол Анортозис Фамагуста(Кипар) ПАОК и Паниониос(Грција).

Во 5-тте пролетни кола Победа со А.Пандев се единствените две екипи без триумф и се наоѓа во опасната зона на 8-то место на табелата со 22 бода и до крајот на шампионатот и престои грчевита борба за опстанок.

Новиот стратег на Победа Крчмаревиќ ќе дебитира в сабота на натпреварот од 24-тото коло против Работнички.

Автор: Петар Димоски

Би те интересирало и

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа, според извештајот на холандската компанија за бизнис и ...

Зидан не би го менувал Роналдо за Салах

Не би го менувал Кристијано, ниту кој и да е од моите играчи. Кристијано е ...