КСС против зголемувањето на старосната граница за пензионирање – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

КСС против зголемувањето на старосната граница за пензионирање

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нема значително да придонесе кон зголемување на пензискиот фонд – велат од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Оттаму посочуваат дека земјава не смее да дозволи работникот дополнително да се оптоварува со зголемување на старосната граница за пензионирање, бидејќи Македонија веќе се наоѓа на последно место во Европа според „одржливиот квалитет на живот“.

Претседателот на Конфедерацијата, Благоја Ралповски во изјава за  Канал 77 вели дека е потребно системски да се работи на унапредување на одржливоста на пензискиот систем:

„Треба системски да се работи на унапредување на одржливоста на пензискиот систем и тоа преку повеќе политики како што се зголемување на стапката на вработување преку активните мерки и тоа вработување на работни места надвор од најниско платените, преку намалување на обемот на неформалната економија со различните форми на стимулирање и поддршка на формализација на неформалните економски активности со што стапката на вработени наспроти пензионерите ќе се зголемува“.

За разлика од КСС,  Сојузот на синдикати викендов соопшти дека го поддржува предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање, но по два дена овој дел од соопштението беше избришан на веб страницата на Сојузот. Претседателите на гранковите синдикати  реагираа дека за оваа тема воопшто не разговарале. Во меѓувреме, ВМРО-Народна партија излезе со соопштение во кое предложи да се укинат приватните пензиски фондови, односно Македонија да се откаже од т.н втор столб и враќање кон единствен државно гарантиран пензиски систем.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Дебата за прислушувањето: Заштита на приватноста и департизација на раководните структури

Предложените законски решенија за следење на комуникациите и за новата Оперативно техничка агенција мора да ...

МВР денес поднесе три кривични пријави со фиктивни фактури го оштетиле ЈП Комуналец за 2,6 милиони денари

Кривични пријави против лицата М.П.(51) и  45 годишниот И.А двајцата од Кавадарци и С.С.(46) од ...