Куба ги замрзна цените на некои намирници поради инфлацијата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Куба ги замрзна цените на некои намирници поради инфлацијата

Fruit market with various colorful fresh fruits and vegetables

Властите во Куба воведоа ограничувања на цените на овошјето и зеленчукот во обидите да ги ублажат критиките на јавноста поради растот на цените на храната. Владата соопшти дека земјоделските производи, кои се продаваат на пазарите, што се под контрола на државата имаат ограничена цена, достапна за просечниот поединец, кој заработува државна плата од околу 25 долари месечно.

– Цените на доматот, бананите, слаткиот компир и 20 други производи ќе бидат ограничени со цел да се избориме со инфлацијата. Скокот на цените на храната е последица на ниското домашно земјоделско производство – се наведува во соопштението на кубанската Влада.

На пример, доматот ќе чини осум центи за половина килограм во сезона, додека истата количина ќе се продава по 17 центи вон сезоната, што е неколку пати помалку во однос на актуелната цена на повеќето светски пазари.

Куба мора да увезува 80 отсто од храната, бидејќи домашниот земјоделски сектор е премногу мал за да ја задоволи побарувачката.

Би те интересирало и

Вулкан избувна во јапонско скијачко одморалиште

Вулкан избувна во ски-центар во Јапонија , северозападно од Токио. Тоа е вулканот Кусацу-Шијаран , сместен на 2.160 метри ...

Илјадници жени протестираа против Донлад Трамп

Голем протест на жените се одржа во Лос Анџелес една година по изборот на Доналд Трамп ...