Последни вести

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на натпреварот „Антонио Салиери“

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на осмиот интернационален натпревар на млади музичари „Антонио Салиери” кој се одржуваше од 30 март до 2 април во Легнаго–Верона, Италија. Педесет и шест млади пијанисти од Кина, Швајцарија, Италија, Летонија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Албанија беа оценувани од интернационално жири. Арда ...

Повеќе »

Креативен викенд за перкусии: Музичка изведба на Драган Јовановиќ

На 06 април 2017 во 19.00 ч. во Мобилна/Монтажна галерија (локација. Парк на Франкофонија во Скопје) на Музичка изведба на Драган Јовановиќ од Белград, на која ќе бидат користени скулптурите на Тома Димовски како музички инструменти. Драган Јовановиќ, има настапувано со Ola Horhe, Kriška и Nežni Dalibor, на овој музички ...

Повеќе »

Млади македонски писатели на средба со бугарските читатели во македонскиот КИЦ во Софија

Шест популарни, читани и наградувани млади македонски писатели ќе имаат средба со бугарските читатели во понеделник вечер во салонот на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија. Повод се нивните романи издадени во Бугарија, во текот на оваа и минатата година. Со нивниот неспорен талент и дарба за пишување, современата ...

Повеќе »

Македонското културно наследство за првпат во Кина

Управата за заштита на културното наследство продолжува со промоција на домашното културно наследство во Европа и светот, а за првпат ќе ја преставува Македонија и на големиот Саем за туризам што ќе се одржи од 29 до 31 март во Пекинг, Кина. Станува збор за еден од најважните саеми за ...

Повеќе »

„Креативен викенд“ со предавање на тема: Land art

Вечерва со почеток од 19:00 часот во Мобилна/Монтажна галерија (локација: Парк на франкофонија), професор Гоце Наневски, ќе одржи предавање на тема: Land art.

Повеќе »

Празник на франкофонијата во МКЦ

Со регионален форум, младинска изложба и концерт на францускиот поп пејач Шарл Батист, во Младинскиот културен центар денеска ќе биде одбележан Празникот на Франкофонијата, во организација на Францускиот институт во Скопје. Регионалниот форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“, како што е најавено, има за цел да го стави ...

Повеќе »

Почина рок легендата Чак Бери

Легендарниот американски музичар Чак Бери почина во саботата на 90-годишна возраст, соопшти Управата на полицијата на округот Сент Чарлс, во сојузната држава Мисури, каде што живееше овој легендарен пејач, гитарист и автор на многу хитови. Музичарот паднал во бесознание во својот дом, но точната причина за смртта засега е непозната. ...

Повеќе »

„Чајковски: Смеа и тага“ – концерт на Филхармонијата со виолончелистот Иштван Вардаи

Македонската филхармонија  вечер во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт насловен „Чајковски: Смеа и тага“ на кој како солист ќе настапи виолончелистот Иштван Вардаи од Унгарија. Вардаи свири на легендарниот инструмент Страдивариус „Ди Пре-Харел“ (1673), виолончело кое пред него било во сопственост на познатата Жаклин ди Пре. Пред македонската ...

Повеќе »

Концерт на виолинистката Ванеса Меј на 15 мај во Скопје

Британската виолинистка Ванеса Меј на 15 мај 2017 ќе гостува во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје и тоа ќе биде единствен настап на познатата музичарка во регионот, соопшти Прагма продукција, која го организира концертот со поддршка на Министерство за култура и Македонската филхармонија. – Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално ...

Повеќе »

Промовирана македонска поштенска марка во САД

Во Сан Диего, Калифорнија, е промовирана поштенската марка со ликот на американскиот научник Клод Елвуд Шенон (1916-2001), која минатата година ја издаде Македонска пошта. Поштенската марка минатата седмица е промовирана пред американската јавност на конгрес на Друштвото на теоријата на комуникации, како дел од Американскиот институт на инженери од областа ...

Повеќе »

Почнува велигденскиот пост-Денеска е чист понеделник

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, особено ...

Повеќе »

Второто издание на Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата

Второто издание на Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата ќе се одржи од 25 февруари до 1 март, а свеченото отворање ќе биде свеченото отворање ќе биде во Младинскиот културен центар во Скопје со почетокот во 20 часот. Согласно програмската концепција, Зимскиот поетски фестивал е програмско проширување со ...

Повеќе »

Изложба „Народите од Долината Омо“

Во Националната галерија Чифте амам вечер ќе биде отворена изложбата на фотографии во црно-бела техника од Доминик Готје, прв советник во Амбасадата на Франција во Скопје. Изложбата се состои од 70 портрети на жени, мажи и деца од народите кои живеат во Долината на реката Омо, на границата меѓу Етиопија, ...

Повеќе »

Почнува Фестивалот на нов британски филм „PlayUK“

Во организација на Британскиот совет и Младинскиот културен центар, од денеска до 19 февруари ќе се одржува Фестивалот на нов британски филм „PlayUK“ на кој премиерно ќе бидат прикажани десет играни и документарни филмови од современата британска продукција.  Фестивалот ќе биде отворен со продолжението на култниот филм „Т2 Трејнспотинг“ (Trainspotting) ...

Повеќе »

Промоција на проектот „Отворена врата – за младите од младите“

Коалицијата на младински организации СЕГА денеска ќе го промовира проектот „Отворена врата – за младите од младите“. На промоцијата, според организаторот, ќе се дискутира за можностите за кариерно советување и насочување на младите во насока на зголемување на нивната вработливост. Промоцијата ќе биде во новиот Инфо – кариерен центар за ...

Повеќе »
Close