Култура – Page 27 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Милчо Манчевски предава и снима во Куба

Македонскиот режисер, Милчо Манчевски доби ангажман како професор на Државната филмска академија во Хавана, Куба. Истовремено, во Куба ќе сними и краток филм. Манчевски во текот на овој месец ќе предава на постдипломците по филмска режија, меѓународна група студенти од целиот свет. Тој е професор и супервизор на студентските филмови ...

Повеќе »

Актерка скршила колк во новиот објект на МНТ

Актеркaтa Лилјaнa Велјaнoвa се здобила со тешка повреда, откако вчера паднала на малата сцена во новиот објект на МНТ, пишуваат нејзини колеги и пријатели на социјалните мрежи. Неофицијално, таа паднала во дупкa при што скршила кoлк, рaкa и кoленo. Веднaш билa префрленa вo Клиничкиот центар, каде наводно била oперирaнa. Несреќниот случај ...

Повеќе »

Беровско Ратево подготовено за карневалот „Бамбурци“

Беровското село Ратево се подготвува за традиционалниот карневал. „На сите плевени се сушат кожи од овци и кози, што значи дека Ратевските бамбурци подготвуваат нови маски за новиот поход со кој ќе ги истераат лошите духови од Малешевијата, а тајната за изработка на маските, со векови се пренесува од колено ...

Повеќе »

Нови директори во Домовите на култура во Штип и Кочани

На некој ден пред Нова Година, Домовите за култура во Штип и Кочани добија нови директори. Новите кадри се професионални актиери од штипскиот театар. Актерот, Миле Вртеовски доби четригодишен мандат да ја води Националната установа Дом на култура „Ацо Шопов“ од Штип, во чии рамки работи и Народниот театар. Интересно ...

Повеќе »

„Дуке и пријателите“: Музички спектакл во Скопје

Познатиот композитор, пијанист и продуцент, Дуке Бојаџиев кој долги години живее и работи во Њујорк на 20 февруари во „Метрополис арена“ го најавува музичкиот спектакл насловен „Дуке и пријателите“, во организација на „Авалон продукција“ . Ова ќе биде најголем концерт досега во неговата кариера, а Бојаџиев ќе настапи со неговите ...

Повеќе »

Со богата музичка програма, Вевчански карневал е подготвен за новото издание!

Од 10 – ти до 14 – ти јануари Вевчани ќе биде домаќин на илјадници гости од Македонија и странство. Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот „Василица“ во чии рамки традиционално се одржува и фестивалот на сатирата Вевчански карневал. Овој пат дочекот на Старата Нова година, ќе ...

Повеќе »

Објавена книгата „Молитва за Македонија“ од Раде Силјан

„Молитва за Македонија“  е книгата на Раде Силјан,  која неодамна излезе од печат. Оваа поетска книга содржи осумдесет песни, поделени во шест тематски циклуси. Во поговорот „Поезија на префинет лиризам и метафизички квалитети“, поетот и литературен критичар, Ефтим Клетников констатира дека новата  поетска книга на Силјан ги опева отворените рани на ...

Повеќе »

Новогодишен концерт на Македонска опера и балет вечерва во МНТ

Македонската опера и балет вечерва од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одржи Новогодишен концерт на кој ќе настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти, Хорот и Оркестарот под диригентство на Борјан Цанев. Солисти на концертот ќе бидат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски и баритонот Марјан Јованоски. На програмата ...

Повеќе »