Последни вести

„Тирамису“ премиерно во Велешкиот театар

Вечерва, на 30 јуни, на Големата сцена на Театар „Џинот“ Велес, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Тирамису“, според текст на полската авторка Јоана Овшианко, во режија и адаптација на Теа Беговска. Претставата се занимава со постпазарната етика и естетика, преиспитувајќи го феноменот на консумеризмот и ...

Повеќе »

Младиот оперски пеач Давид Миладинов освои две први награди на CSF фестивалот во Италија

Младиот оперски пеач од Штип Давид Миладинов, настапи на меѓународен натпревар во Италија (CSF Фестивалот) во конкуренција од над 450 учесници освои две први награди. На фестивалот учествуваа и други учесници од Македонија, од кои, некои исто така освоија награди. Ова е голем меѓународен успех кога во срцето на оперската ...

Повеќе »

Тишината кога сака да се одмори, сигурно оди во Преспа

Тишината кога сака да се одмори, сигурно оди во Преспа,тоа е  убавината во која живееме, за која малкумина знаат а може да се зборува многу,рече Љупчо Илиевски автор на изложбата,која беше отворена синоќа во Кавадарци. Убавина како мелем на рана, тивка, спокојна убавина која дава мир,вака го опиша своето творештво, ...

Повеќе »

Поранешната париска берза ќе стане уметнички музеј

Францускиот милијардер и бизнисмен Франсоа Пино планира да ја трансформира берзата од 19-ти век  во Париз, во нов, модерен уметнички музеј. Музејот ќе биде дом на неговата уметничка колекција вредна 1,25 милијарди долари. Пино, чија компанија за трговија со висока мода е сопственик на куќите како Ив Сен Лорен и ...

Повеќе »

Започнува ликовната колонија „Вевчански видувања“

Во Вевчани вечерва започнува осмата традиционална меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, на која годинава ќе учествуваат афирмирани уметници од повеќе земји. На колонијата, чие свечено отворање ќе биде во ресторанот Виа Игнација, ќе учествуваатт ликовни уметници од Македонија, Грција, Србија, Русија, Албанија, Франција, Египет, Виетнам и други држави. Отворањето ќе ...

Повеќе »

Концерт на хорот и оркестарот на МОБ на Скопско лето

На Скопско лето вечер концерт ќе одржи хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. На програмата е Реквием од Моцарт, под диригентство на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев. Како солисти ќе настапат Нада Талевска Спасовска – сопран, Благој нацоски – тенор, Ирена Кавкалевска – мецо сопран, Владимир ...

Повеќе »

Уметничката магија на Едина Селешковиќ во Скопје (Видео)

  Мерилин Монро одамна рече: „Дај и’ ги на жената вистинските чевли и таа ќе го освои светот“. Ние би додале: „Дајте и’ го на босанската уметница со светска слава, Едина Селешковиќ чувството на слобода и таа ќе го направи истото“. Суштината на нејзиниот пристап од инсталацијата со наслов „Мисли ...

Повеќе »

„Иван се враќа дома“ со три руски претстави во МНТ

Режисерот Иван Поповски, кој повеќе од 25 години живее и работи во Москва, овој септември се враќа во Македонија. Три негови претстави ќе бидат прикажани на сцената на МНТ. Московскиот театар Мастерскаја Пјотр Фоменко од 16 до 13 септември во Македонскиот народен театар ќе го прикаже фестивалот на претстави, насловен ...

Повеќе »

Почина српскиот актер Богољуб Митиќ – Ѓоша

Српскиот актер и комичар Богољуб Митиќ – Ѓоша утринава почина на 49-годишна возраст. Српските медиуми објавија дека актерот починал од срцев удар. Веста за неговата смрт за српските медиуми ја потврдил директорот на театарот во Лесковац, Станислав Грујиќ. Прекарот Ѓоша актерот го доби по улогата што ја играше во телевииската ...

Повеќе »

Големи почести за Милчо Манчевски во Шангај

Азија се поклонува  пред нашиот режисер Милчо Манчевски. Тој  добива големи почести и медиумско внимание на гостувањето во Шангај, Кина при првото сеопфатно претставување на македонски уметник во Азија воопшто. Доказ повеќе е интересот на  три големи институции во Шангај кои одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика, покана неповрзана со македонското Министерство за култура. Во тек е циклус проекции на филмовите на Манчевски на јубилејното 20. издание на Филмскиот фестивал во Шангај, еден од најголемите фестивали во Азија, а тој е дел и од жирито за главната награда на фестивалот. Во планот стои и одржување на мастерклас при универзитетот во Шангај на 24 јуни, а на 26 јуни се отвора изложбата фотографии и се промовира негова книга што е издадена во Кина.   ...

Повеќе »

Децата со посебни потреби од Струмица дел од театарска претстава

Во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица, синоќа премиерно беше изведена претставата „Кралството на Снежана и џуџињата“ во која како актери се вклучија и деца со посебни потреби и со Даунов синдром. Претставата е дел од проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“, што го спроведува Организацијата на жени од ...

Повеќе »

На Светскиот ден на музиката почнува 38. издание на Скопско лето

На Светскиот ден на музиката –  21 јуни, започнува триесет и осмото издание на манифестацијата Скопско лето. Организаторите најавуваат настапи на стотина уметници, како домашни, така и од странство. Со звуците на медитеранот, кои од сцената на Македонска опера и балет ќе ги пренесе турскиот музичар,  Омер Фарук Текбилек утревечер ...

Повеќе »

Проектот „Мисли слобода“ доаѓа и во Скопје: Младите ќе испратат пораки за мир и слобода

Проектот кој ги поврзува луѓето преку нивната креативност – Мисли слобода, пристигнува и во Скопје!  Од центарот на македонската метропола, ќе бидат испратени пораки за мир и слобода како дел од проектот кој претставува комбинација на скулптура, инсталација, перформанси, светлина, звук, филм, пишан збор но и на нови глобални комуникациски ...

Повеќе »

Струмичката „Мурлин Мурло“ на фестивал во Русија

Театарската претстава „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада, во режија на Ана Батева, на театарот „Антон Панов“ од Струмица, е поканета да гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Кољада-plays“ во Екатерингбург, Русија. „Мурлин Мурло“ беше премиерно изведена во јуни 2016 година. Во камерната драма настапуваат Стојан Велков-Трн, Оливера Аризанова, Васил Михаил и ...

Повеќе »

Избор на „Лице на годината за Македонија“

Модната агенција Моделс ИН од Скопје ја направи селекција на 12-те финалистки за да одберат „Лице на годината за Македонија“. За ова се одржа и кастинг, а во тимот што ја правеше селекцијата беа и агенцијата од Белград „Моделс скаутинг офис“ (MSO), тим на букери предводени од Јелена Џокиќ и ...

Повеќе »
Close