Култура – Page 30 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

ДПМ ќе ги врачи годишните награди по повод 69-от роденден

Друштвото на писателите на Македонија денеска на годинашните добитници ќе им ги врачи петте награди за најдобри остварувања во 2015-та, на свечен собир по повод својот 69-ти роденден. Годинашни лауреати се писателите: Оливера Николова која ја доби наградата „Стале Попов“ за прозната книга „Кадифената покривка“; Славе Ѓорго Димоски – награда ...

Повеќе »

Во Велес отворена биенална изложба на графика „Кумановски графичари 2015“

„Кумановски графичари“ е изложбата која вчервечер беше отворена во ликовниот салон во Велес. Изложбата е во организација на Центарот за култура од Куманово во соработка со велешкиот Народен музеј, а со финансиска подршка на Министерството за култура. Според промоторот на изложбата Роберт Цветковски,  историчар на уметноста од Центарот за култура ...

Повеќе »

Отворена изложбата „Балканот-споделено културно наследство“

Изложбата „Балканот-споделено културно наследство“, чиј автор е познатиот бугарски фотограф Иво Хаџимишев, синоќа беше отворена во МАНУ. На изложбата е претставено богатото културно–историско наследство на Балканот. Фотографиите ги претставуваат знаменитостите, археолошки објекти и предмети од уметноста од 11 балкански држави – Бугарија, Албанија, Романија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, ...

Повеќе »

„Дуке и пријателите“: Прв голем концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје

Авалон продукција го најавува својот прв голем проект за 2016-та година – концертот на композиторот, пијанист и продуцент со светско реноме, Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“, кој ќе се одржи на 20 февруари со почеток од 21 часот, во арената „Метрополис“. Ова ќе биде прв голем концерт на Дуке ...

Повеќе »

Средновековна црква во подножјето на струмички Цареви кули

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на култура Струмица ги реализираа заштитните археолошки истражувања на средновековната црква во подножјето на Цареви кули, Струмица. Истражувањата кои се поддржани од Министерството за култура ќе продолжат и оваа година, а целта беше откривање на целосниот габарит на црквата и следење на ...

Повеќе »

Розалија Димоска избрана за највешта жена

Розалија Димоска е избрана за највешта кавадарчанка на манифестацијата „Вешта жена”, која годинава се одржа по 21 пат во Кавадарци. Таа доби и благодарница за општ впечаток на масата и пехар за тригодишно учество во ова натпреварување. Како што информираше денеска координаторот  на настанот Љубица Минова, Димоска „Теодора Маџункова доби ...

Повеќе »

Битола ќе подигне споменик на војводата Александар Турунџев

Општина Битола објави јавен повик за архитектонско-урбанистичко и скулпторско идејно решение за подигнување споменик на војводата, Александар Турунџев. Споменикот ќе биде поставен во центарот на кружниот тек кој ќе се гради на улиците „Прилепска“ и „Баталјон Стив Наумов“ во непосредна близина на битолски Ат-пазар. Toa e местото каде во 1905 ...

Повеќе »

Вејчеслав Поповски ниже успеси: Овој пат сними две песни на англиски

Вејчеслав Поповски кој пред три години ја претставуваше Македонија на Светскиот Шампионат на изведувачка уметност во Холивуд, во насока на градење на својата интернационална музичка кариера, снимаше две песни на англиски јазик. Овие две музички парчиња се плод на соработката на Вејчеслав со продуцентот Shele Sondheim. Всушност, поканата за соработка ...

Повеќе »

Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ меѓу 20. најдобри во светот

Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ е дел од финалето на најпрестижниот светски фестивал за детска телевизиска продукција „Prix Jeunesse International“. Од 400 пријавени детски програми од 60 држави во светот, овој филм влезе во дваесетте финалисти во категоријата на играни програми за публика до шест години. ...

Повеќе »

Четири години „Илинден“ – единствен македонски весник во Албанија

Пред четири години на денешен ден, како двоброј за март и април беше испечатено првото издание на „Илинден“ – единствениот весник на македонски јазик во Албанија кој го издава истоименото друштво. „Во изминативе четири години весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора ширум ...

Повеќе »

„Три дена во септември“ селектиран на ФЕСТ во Белград

Филмот „Три дена во септември“, на режисерот Даријан Пејовски е селектиран во програмата „Focus Europe“ на овогодинешното 44. издание на ФЕСТ Белград. Годинава фестивалот се одржува од 26 февруари до 6 март, под мотото „Ги брише границите“. Ќе бидат прикажани вкупно 110 филмови во 12 програми. Македонскиот филм премиерно ќе биде прикажан ...

Повеќе »

Македонија 23. во Европа според вкусот на храната

Пастрмајлијата, ајварот и тавче гравче  – ова се специјалитетите кои ја сместија Македонија на 23.место во Европа според извештајот на „Бизнис вик“. „Нивните вина, особено во Тиквешијата исто така не се шега“, се вели во текстот, во кој се рангираат 48 европски земји според вкусот на автентичната храна и пијалаци. ...

Повеќе »

Концерт на Македонската филхармонија за Денот на вљубените

„Некој ме гледа романтично“ е насловот на концертот кој Македонската филхармонија ќе го одржи на 12 февруари во Домот на Армијата. Филхармонијата најавува дека љубителите на музиката ќе имаат можност да ги слушнат љубовните приказни „Ромео и Јулија“, „Порги и Бес“ и „Шехерзада“, која ќе биде премиерно изведена, како и ...

Повеќе »

ДПМ ќе ги соопшти добитниците на награди за најдобри книжевни дела

Утре во 11 часот  Друштвото на писателите на Македонија ќе ги соопшти добитниците на наградите „Стале Попов“, за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книга, „Димитар Митрев“, за најдобра книга критики и есеи, „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, и наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга објавена ...

Повеќе »

Ексклузиво: Џон Њуман доаѓа во Скопје

Младиот британски музичар Џон Њумaн наскоро ќе одржи концерт пред македонската публика – најави „Авалон“ продукција со видео-снимка објавена на својата официјалната страница на Фејсбук. Дваесет и петгодишниот пејач кој е познат по хитовите „Lover me again“, „Come and get it“ , „I’m not your man“ ,„Losing sleep“, во 2014 ...

Повеќе »