Куманово и’ го нанесе вториот пораз на Блокотехна – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Куманово и’ го нанесе вториот пораз на Блокотехна

Екипата на Куманово и’ го нанесе само вториот пораз на гевгелиска Блокотехна во Првата македонска кошаркарска лига.
Во дуелот од 10.коло, кошаркарите на Куманово славеа победа над Блокотехна со 92:79 по четвртини 20-22, 30-12, 29-21 и 13-24.
Решавачка беше вториот период од мечот кој домашниот тим го доби со 18 поени разлика (30-12), па на одмор замина со предност од 50-34.
Триото Караџовски-Караколев-Јаневски заедно постигнаа три четвртини од поените на кумановци. Димитар Караџовски средбата ја заврши со 28, Никола Караколев постигна 23, а Марјан Јаневски прододаде 18 поени во шестата победа на Куманово со која оваа екипа се проби на третото место на табелата.
Претходно, Работнички забележа убедлив триумф со 99-31 во дуелот против Карпош Соколи, а Фени Индустри го совлада Шкупи со 83-79.
За денеска, од 17 часот, закажани се средбите, Струмица – Гостивар и Кожув – Пелистер, додека натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и АВ Охрид ќе се игра на 25 декември поради денешното гостување на шампионот во Белград кај Партизан во дуел од АБА лигата.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...