Кучињата препознаваат неправда

Можеби луѓето се веќе навикнати да живеат во свет каде владее нееднаквост, како и останатите примати, но тоа не значи дека не препознаваат неправда. Но и волците и кучињата можат да го препознаат тоа. На пример кучето ќе одбие да учествува во игра доколку неговиот противник е оној кој постојано добива награди или пак доколку неговата награда е со послаб квалитет. Иако можеби во прв момент би изгледало дека станува збор за прашање врзано со припитомувањето, сепак одговорот се крие во генетското наследување.

Австриски психолози работеле на истражување, каде во фокусот било проучување на реакциите на волците и кучињата во експерименти во кои некои добивале храна во форма на награда со послаб квалитет од останатите, или пак не добивале воопшто. Тимот истражувачи открил дека брзо откако волците и кучињата ќе сфатат дека се жртви на неправда, тие одбиваат да учествуваат во таа „наместена“ игра.

Интересно е и тоа дека волците биле дури и повеќе осетливи на неправда отколку кучињата. Се претпоставува дека припитомувањето на кучињата ја намалило нивната чувствителност на неправда. По завршувањето на експериментот кучињата нормално се однесувале кон луѓето, но волците не сакале да имаат контакт со нив.

 

Би те интересирало и

Се’ за храна: Како стаклото на рерната да заблеска исто како ново?

Дали редовно ја чистите рерната на вашиот електричен шпорет, а сепак стаклото на рерната секогаш ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...