Лажен принц на Црна Гора и Македонија спиел по скапи вили, имал официјални разговори и конечно бил уапсен во Италија

Италијанската полиција соопшти дека го уапсила Стефан Чернетиќ кој се самопрогласил за принц на Црна Гора и Македонија и уште едно лице кое се претставувало како македонски амбасадор во Италија. Двајцата уапсени патувале низ Италија со возило „мерцедес” со црногорски знаменца и амблеми на дипломатски кор и нуделе економски, културни, меѓурелигиски и други видови соработки меѓу Црна Гора и Италија.

Според италијанските и црногорските медиуми, директен повод за тужбата против Чернетиќ била сметката што луксузна вила во Пулја ја доставила до амбасадата на Македонија. Другиот осомничен С.С. е италијански државјанин кој патувал со него и се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија. Тој и претходно бил обвинет за лажно претставување. Лани двајцата, како принц и амбасадор, поминале 7 дена во вилата Пулја без да платат.

Тие постигнале толкав успех во нивните измами што воделе официјални разговори со тамошните бизнисмени, политичари, па дури и претставници на Католичката црква. Сето тоа резултирало со медиумско внимание, но исто така го привлекло вниманието на тамошното Министерство за надворешни работи каде била отворена истрага.

Дипломатскиот кор на италијанското министерство ја известило полицијата дека извезен Стефан Чернетиќ во текот на неговата последна посета на регионот Апулија користел возило „мерцедес“ со ознаки на Република Црна Гора и налепници од дипломатски кор, а не е службеник на Амбасадата на Црна Гора во Италија. Неколкумесечната истрага во која во еден период била вклучена и војската, резултираше со апсење на Чернетиќ и неговиот соработник С.С.

Двајцата се товарат за лажно претставување, користење лажен идентитет и за фалсификување документи. При претресот на „резиденцијата на принцот“ полицијата нашла разни документи што ги издавал принцот на Црна Гора и Македонија, од пасош со грбот на неговото кралско семејство до разни дипломи и признанија.

Чернетиќ по професија е гастрономски новинар. Неговиот „кралски живот“ се сведувал на организирање хуманитарни вечери за кои гостите плаќале влезници, а тој во зависност од сумата ги прогласувал за витези и им доделувал други признанија.

Тој успеал да ја измами и поранешната актерка, а сега активистка Памела Андерсон и да ѝ даде титула грофица на еден од неговите „кралски“ настани.  Јавно, преку социјалните мрежи, двајцата пропагирале продажба на нивните „производи“: пасоши, титули, дипломи и официјални документи.

Извор: МКД

Би те интересирало и

ВМРО- ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Грција со нашето име

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не ...

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид

Поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид заработи кривична пријава поради големата финансиска штета врз ...