ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.

Како што беше тоа случај и претходните години, Кирил и ова лето е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати во тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитета надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари и оние кои сакаат да бидат тоа. МЛади спортисти кои во иднина треба да прераснат во врвни ракометари и добри личности.

-„Задовоство и чест ми е да го најавам стартот на подготовките и пријавувањето за четвртото издание нашиот ракометен камп. Изминатите години поставивме високи стандарди во организација на самиот камп од секој аспект и ќе биде многу тешко во иднина да ги следиме и дополнително да ги надоградиме.

Ќе се обидеме оваа година да бидеме поиновативни, по креативни, поквалитетни како во спортскиот така и во делот за едукативните предавања и организацијата на слободното време на нашите кампери“.

Изминатите три години на кампот на најдобриот стрелец во историјата на ракометот поминаа повеќе од 700 учесници, голем дел од Македонија но и кампери од Босна, Данска, Шведска, Романија, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Шпанија и Франција. Насмевката на нивните лица, задоволството кај нивните родители е најголема награда и сатисфакција за вложениот труд и посветеноста на тимот на Лазаров.

„Радува фактот на исклучително големата заинтересираност за овој настан годинава и тоа не прави да се чувствуваме горди, но од друга страна и многу поодговорно да пристапиме на организацијата на кампот кој и оваа година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам јуни и нашето ново другарување, седум дена каде што ќе тренираме и учиме ракомет, каде ќе бидеме позитивни, поставуваме нови цели, ќе се едуцираме што значи здрава и правилна исхрана, развиваме тимски дух и дисциплина, како предуслов за успех во спортот и во животот“. – Кирил Лазаров, носител на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“, во две смени стартувајќи од 20 Јуни до 02 Јули 2018 година. Организаторот на кампот, агенцијата „КМГ Спорт“ информира дека покрај седум дена тренинг со Капитенот, тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник“, комплет опрема од данскиот произвоител ХУМЕЛ, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.

Сите заинтересирани повеќе информации ќе најдат на официјалните медиуми на кампот, нивната Веб страна www.kl7.mk и фејсбук страната http://www.facebook.com/handballcampkirillazarov7

Би те интересирало и

Ѓер прави тим од кој ќе боли глава

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една ...

ЖРК Куманово пресилно за Лесковац и Врање

Женскиот ракометен тим од Куманово за викендов одигра два пријателски натпревари  во Лесковац и Врање, ...