Лазаров: Прекрасно е што сум во Македонија, се носевме против европскиот шампион

Тимот на Вардар го совлада Нант со 27:23 во натпревар од второто коло во Лигата на Шампионите, со што „црвено-црните“ остануваат со максимален број на победи во походот кон одбрана на тиутлата – пишува порталот Дерби.

Во тимот на Нант настапува македонскиот капитен Кирил Лазаров, кој неочекувано доби кратка минутажа, откако во игра влезе во 17. минута од средбата.

„Одлично е да се биде дома, секогаш сум среќен кога сум во Македонија. Одигравме добро против европскиот шампион, долго време бевме во егал на оваа средба. Нант за првпат игра во силните групи од Лигата на Шампионите, па искуството го реши овој натпревар. Вардар вакви натпревари има премногу и тоа најмногу им помогна во овој натпревар“, истакна Лазаров.

Македонскиот капитен имаше еден обид од седум метри, но Штербик одлично ја прочита неговата намера, поради што набрзо се врати на клупата и воопшто не доби шанса за настап подоцна.

 

Извор: www.derbi.mk

Би те интересирало и

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ...

Вардар против Турингер за задржување на максималниот ефект

ЖРК Вардар в петок е домаќин на Турингер во последниот дуел од првата групна фаза ...