Лалиќ: Тежок меч, ама ќе дадеме се’ од себе да го изненадиме Задар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Лалиќ: Тежок меч, ама ќе дадеме се’ од себе да го изненадиме Задар

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром утревечер ќе го одигра последниот меч во 2017 година и тоа на гости кај тимот на Задар.

МЗТ на овој дуел ќе настапи без повредениот Марко Симоновски, неизвесен е настапот на Дарко Соколов. Никола Павличевиќ веќе е минато, додека младиот Андреј Настоски нема право на настап во регионалното натпреварување. Но и покрај сето ова, избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ се решени да дадат се’ од себе и да пробаат да изненадат и да победат.

„Формата на Задар е во нагорна линија, играат одлично во последните пет-шест кола, а згора на тоа играат на домашен терен. Ќе биде тежок натпревар, со оглед што пак имаме проблеми со повредите во надворешната линија. Но, ќе мора да дадеме се од себе и да пробаме да триумфираме, што би било своевидна пресвртница за нашиот клуб“, вели центарот Јуре Лалиќ.

Натпреварот е прв од 14. коло од АБА-лигата. Почетокот е закажан за 20 часот.

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...