Лани во државава се родиле 23.199 деца

Во Македонија во 2016 година се родиле 23.199 деца од кои 23.002 се живородени, а 197 мртвородени. Од нив, 12 отсто или 2.761 дете се вонбрачни. Од живородените деца 51,6 отсто се машки, односно на секои 100 живородени женски деца има по 106,6 машки.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во 2016 година, во споредба со претходната година, е намален за 73 деца или за 0,3 отсто, а најголем број на живородени деца 2.165, се регистрирани во септември.

Просечната возраст на мајката е 28,9 години, а 27,2 години при првите раѓања. Од живородените деца 34,1 отсто ги родиле мајки на возрст од 25 до 29 години.

Најголем дел од мајките биле родени 1987 година, а регистрирани се и 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Би те интересирало и

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – ...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои ...