ЛДП бара СЈО да ја преземе истрагата за „Диво насеље“ (Видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ЛДП бара СЈО да ја преземе истрагата за „Диво насеље“ (Видео)

Филип-Јаневиќ-685x320

Точно на овој ден, пред една година загинаа осуммина полицајци во кумановската акција „Диво насеље“ и сега по 365 дена семејствата на загинатите, нивните пријатели и целата македонска јавност се’ уште се пред дилемата како и за што загинаа, по чие сценарио и по чија вина. За нас и тогаш и сега, сосема легитимно е барањето за специјална и независна истрага за случајот „Диво насеље“, бидејќи и покрај судскиот процес остануваат многу неодговорени прашања – истакна денеска на прес конференција, портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

-Во овој тажен ден, рече Јаневиќ, поставуваме директни прашања до дополнителниот заменик -министер во МВР, Митко Чавков:

– Дали  имало директни врски  меѓу вооружената група со македонски безбедносни агенции, информации што ги објавија медиумите во Косово, или преведено на наш јазик дали имало врски меѓу вооружената група и луѓе од фамилијата на власт ?

– Како е можно да се внесе толкаво количество оружје и муниција во густо населена градска населба, со оглед на поврзаноста со претходниот инцидент во Гошинце?

– Зошто само три дена по полициската акција во Диво насеље, која власта ја оцени како успешна, оставка дадоа првите луѓе на МВР и УБК, Јанкулоска и Мијалков?

– Зошто ВМРО-ДПМНЕ својот тогашниот конгрес првично го закажа за 9ти Мај во Куманово, па потоа го промени датумот на негово одржување?

– Зошто и покрај  барањата на дел од соседните земји и претставници на меѓународната заедница токму Вие не дозволивте меѓународна истрага за Куманово, правдајќи се дека се е во рацете на обвинителството.

„Сакаме да потсетиме дека акцијата во Куманово се случи во период кога власта сериозно беше разнишана од бомбите на опозицијата, меѓутоа и во период кога се најавуваше и објавување на детали за случајот Смилковско езеро.

Поради нарушениот кредибилитет и големата партизираност на  институциите, што е нотироно и во извештајот на Прибе,  бараме Специјалното Јавно Обвинителство да преземе надлежноста за овој случај. Сметаме дека единствено така, ќе бидат расчистени сите нејснотии и контроверзии во јавноста. ЛДП е убедена дека сваровски судството не може да даде епилог за овој случај.

Македонија заслужува да знае што се случи на 9-ти мај во Куманово, кои се нарачателите и инспираторите на оваа аккција, и зошто и како загинаа осумтемина припадници на безбедносните сили, а 30-тина беа повредени. Оваа мистерија мора да се одгатне, за никогаш повеќе да не се повтори“, изјави Јаневиќ.

Би те интересирало и

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од ...