ЛДП – Дачиќ свесно ги нарушува односите со соседите

Ivica-Dacic-interview_201653110113

Либерал-демократската партија на Србија остро реагираше на новогодишното интервју на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во кое  како  „неодговорен став“ го оцени делот за односите со соседите, меѓу кои и Македонија.

Дачиќ, со своите изјави, свесно ги нарушува односите со соседите, е ставот на српските либерал-демократи.

-Во само една своја изјава, Дачиќ со секоја земја во регионот отвора нови вербални судири. Ги предизвика Хрватска, Црна Гора и Македонија и со својата неодговорност шефот на дипломатијата регионот повторно го турка во нарушување на односите, кои беа карактеристични во годините зад нас, соопштија од ЛДП на Србија.

Некои македонски експерти оваа изјава на Дачиќ, која се однесува на Македонија ја оценија како мал дипломатски инцидент и го повикаа македоснкото МНР да реагира.

Црногорската партија, која ги застапува Црногорците во Србија, ја прифати понудата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, Црногорците во Србија во државните институции да бидат претставени во оној обем колку што се застапени претставниците на српскиот народ во Црна Гора.

Дачиќ во новогодишното интервју за агенцијата Бета изјави дека кога Србија би барала реципроцитет за Србите во Црна Гора, на Црногорците долу не би им останало ништо.

Во реагирањето на Црногорската партија се наведува дека со задоволство се прифаќа можноста Црногорците да бидат застапени во српските институции во обем колку што се застапени претставниците на  српскиот народ во Црна Гора.

-Поточно, колку Срби во Црна Гора го зборуват српскиот јазик и ја поддржуват СПЦ, исто толку Црногорци во Србија кои зборуваат црногорски јазик и ја поддржуваа ЦГПЦ. Таквата поделба во идентитетска смисла ја отсликува реалноста и чесен реципроцитет межу две соседни држави и два пријатели народи и ако тоа сакаше да го каже министрерот Дачиќ, тогаш му даваме целосна поддршка, соопштуват од Црногорската партија.

Би те интересирало и

На први јануари почнува пописот на сите Албанци во светот

Од први јануари идната година амбасадите на Република Албанија во светот ќе започнат со реализацијата ...

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...