Леброн Џејмс и дружината поразени во Минесота: Кавс губеа и со 41 разлика (видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Леброн Џејмс и дружината поразени во Минесота: Кавс губеа и со 41 разлика (видео)

Минесота одигра перфектен натпревар или Кливленд одигра очајно, никогаш нема да може да се процени доволно добро за да пресудиме, но домашниот тим славеше убедлива победа од 127-99.

Пред крајот на третиот период актуелниот вицешампион имаше негатива од неверојатни 41 поен. Кавалирс не беа на своето ниво, па затоа Џими Батлер и Ендри Вигинс го полнеа нивниот кош. Вигингс беше најефикасен со 25 постигнати поени и имаше слатка одмазда против тимот кој го драфтуваше како прв пик, но го трејдуваше во Минесота за Кевин Лав. Џими Батлер со 21 поен го следеше Вигинс, додека кај Кливленд најефикасен беше Џеф Грин со 22 поени. Леброн Џејмс имаше тивка вечер со 10 поени и осум скока, додека Ајзеа Томас реализираше девет поени.

За Кливленд ова беше 14-ти пораз во сезоната и моментално е на третото место во Источната конференција, додека Минесота е четврта на Западот со скор од 26 победи и 16 порази.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Индијана – Милвоки 109-96
Бруклин – Торонто 113-1114 (пп)
Чикаго – Хјустон 107-116
Њу Орлеанс – Детроит 112-109
Сакраменто – Сан Антонио 100-107
Голден Стејт – Денвер 124-114
ЛА Клиперс – Атланта 108-107

Извор: Спорт1

Би те интересирало и

Младите македонски кошаркари на силен турнир во Истанбул

Младите кошаркарски селекции на Македонија до 15 и до 16 години пристигнаа во Истанбул каде ...

Казни во Химки, од играчи до хигиеничарки

Раководството на рускиот кошаркарски клуб Химки одлучи со половина плата да ги казни буквално сите ...