Леброн Џејмс и Стеф Кари ги одбраа своите тимови за Ол-стар натпреварот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Леброн Џејмс и Стеф Кари ги одбраа своите тимови за Ол-стар натпреварот

„Кралот” бираше прв и го украде Кевин Дурант од Стеф Кари, а го одбра и Кајри Ирвинг со кого немаше добар однос во Кливленд.

Познати се тимовите за Ол-стар натпреварот кој на 18. февруари ќе се одигра во Лос Анџелес. Леброн Џејмс и Стеф Кари го направија првиот историски драфт, кој за жал не беше емитуван на ТВ со образложение дека некој од играчите може да биде навреден и засрамен доколку биде одбран последен.

Леброн Џејс откако доби најмногу гласови, прв избираше кога беа во прашање стартерите, и „Кралот“ го искористи ова за да „украде“ Кевин Дурант од Стеф Кари.

Покрај КД, ѕвездата на Кливленд како стартери го одбра и дуото од Њу Орлеанс, Ентони Дејвис и Демаркус Казинс, како и неговиот поранешен соиграч со кого не беше во добар однос, Кајри Ирвинг.

Стеф Кари во својата стартна петорка ги одбра Џејмс ХарденДемар ДероузанЈанис Антетокумпо и Џоел Ембид.

Резерви во тимот на Леброн се Бредли БилЏон Вол, Расел ВестбрукВиктор ОладипоКристапс ПорцингисКевин Лав и Ламаркус Олдриџ.

Резерви во тимот на Кари пак се Дамјан ЛилардЏими БатлерКлеј ТомпсонКајл ЛоуриДрејмонд Грин, Карл Ентони Таунс и Ал Хорфорд.

Превземено од: МКД

Би те интересирало и

Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ

  Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106:94 во вториот меѓусебен дуел ...

Со дуелот меѓу МЗТ и Блокотехна стартува полуфиналето од плејофот

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во консултација со клубовите одлучи полуфиналните натпревари од плејофот да се ...