Легендарниот „спачек” продаден за рекордни 70 илјади евра – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Легендарниот „спачек” продаден за рекордни 70 илјади евра

На аукцијата која се одржа минатиот викенд во Париз, автомобилот “Citroen 2CV Tip A” од 1949 година значително ја надмина проценетата вредност.

Се веруваше дека реткиот примерок на моделот попознат како “спачек” ќе биде продаден по цена од 11 до 15 илјади евра, но на крајот еден холандски музеј понудил рекордни 70 илјади евра.

Станува збор за еден од првите примероци на “Citroen 2CV”, моделот кој ја имаше својата светска премиера на 7-ми октомври 1948 година, на саемот за автомобили во Париз.

Сериското производство на овој модел започна во 1949 година, а овој “спачек” од 70 илјади евра припаѓа на првата серија од 876 автомобили што излегле од фабриката таа година, или поточно 458-от произведен автомобил, што значително влијаело на конечната цена на лицитацијата.

Преземено од: Кадевечер

Би те интересирало и

Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие ...

Како би изгледале светските лидери со доколку би имале кул фризури (галерија)