Лек против болка во грбот

Секое трето лице има болка во грбот, посебно во студени денови, бидејќи р’бетниот столб „не сака зима“. Ако и вие го имате овој проблем, посебно во долниот дел на р’бетниот столб, пробајте да го решите проблемот со помош на универзалниот лек ­ лукот.

Потребно е на масло да испржите 10 чешниња лук, да ги ставите во памучна крпа и потоа облогот да го поставите на болното место. Оставете го да стои најмалку три часа, а терапијата повторувајте ја неколку дена по ред.

 Најдобар ефект се постигнува ако пиете и лек од лук и млеко. Тој се прави така што ситно се изгмечуваат четири чешниња лук се помешуваат со 200 милилитри млеко, а потоа течноста се става на оган додека не почне да врие. За да се неутрализира вкусот на лукот, можете да додадете и мед

Би те интересирало и

Одобрена првата таблета со дигитално следење во САД

  Американските регулатори од Агенцијата за храна и лекови ја одобрија првата пилула која може ...

Направи сам: Домашна маска за оштетена коса

Оваа маска е погодна за сите типови на коса, а освен тоа помага и во ...