Лестер го купува капитенот на Севилја

Шампионот на Англија од пред две сезони Лестер Сити испрати понуда до Севилја за капитенот на оваа екипа Висенте Ибора. Клубот од Андалузија најверојатни ќе прифати 14 милиони евра за аргентинскиот интернационалец кој има 29 години.

Ибора во претходните четири сезони постигна 30 гола на 170 натпревари и трипати ја освои Лига Европа со тимот на Севилја. „Лисиците“ во него гледаат идеална замена за Канте, кој минатото лето си замина во Челзи, а клубот не го замени со квалитетен фудбалер.

Менаџерот Шекспир смета дека Ибора и неговото интернационално искуство ќе бидат добредојдени во новата премиерлигашка сезона.

Би те интересирало и

Јаховиќ ја доби првата понуда – Рускиот гигант го сака Македонецот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот ...

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...