Летување со пет ѕвезди во вилата на Пабло Ескобар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Летување со пет ѕвезди во вилата на Пабло Ескобар

Имотот што некогаш бил во сопственост на озогласениот колумбиски наркобос Пабло Ескобар е претворен во луксузно сместување, полно со уметнички дела.

Вилата се наоѓа на плажа во градот Тулум во Мексико. Сега Кала Малка е реновирана и претворена во хотел што е во сопственост на њујоршка компанија што се занимава со трговија на уметнички дела.

Откако Ескобар ја напуштил, оваа недвижнина останала запустена, а од 2012 година постепено била реновирана и отворена во 2015 година како хотел со пет ѕвездички.

Објектот има десет соби, се наоѓа веднаш покрај плажа со бел песок. Внатрешноста е уште поинтересна, а од вратата вниманието веднаш го привлекуваат персиски теписи, пренесува „Б92“.

Во лобито се наоѓаат слики, скулптури и мебел од некои од најпочитуваните уметници и дизајнери, а интересно е тоа што распоредот на уметничките дела во хотелот често се менува, како гостите би можеле да уживаат во различни уметности.

На покривот се наоѓа бар каде што се организираат разни настани, додека кулата нуди поглед на тропски пејзаж. Во објектот има и огромен базен.

Би те интересирало и

Сто и педесет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Сто и педесет луѓе утре ќе учествуваат во традиционалното спуштање на крстот на Богојавление – ...

Речиси три четвртини од осудените за тероризам во САД се родени во странство

Речиси три четвртини од луѓето кои по 2001 година во САД се осудени за кривични ...