Ле Пен се откажува од идејата за излез на Франција од ЕУ

Лидерката на француската партија на екстремната десница Национален фронт, Марин Ле Пен, се откажува од идејата Франција да излезе од Европска унија, изјави главниот економски стратег на партијата Бернар Моно.

Ле Пен во петокот изјави дека нејзината партија почнала со разгледување на својот антиевропски став по минатомесечните парламентарни избори.

– Нема да има Фрегзит. Зедовме предвид тоа што ни го кажа францускиот народ – посочи Моно за британскиот весник „Телеграф“. Тој додаде дека смета оти еврото не е технички вредно, но оти нема смисла тврдоглаво да се инсистира.

– Од сега нашата политика ќе биде да преговараме за договорите со ЕУ, кои би ни дале поголема контрола над буџетот и банкарските прописи – истакна Моно.

Додади коментар

Би те интересирало и

Германија утре гласа, Меркел очекува четврта победа

Германија утре гласа, а актуелната канцеларка Ангела Меркел очекува четврта победа и задржување на водечката ...

Пекол на бразилските улици: Мобилизирана војската, Рио во хаос, судири на сите страни

Владата на Бразил ги затворила патиштата и училиштата, и побарала да се вмеша и војската. ...

Close