Лидерите го потпишаа Договорот за транспортна заедница – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Лидерите го потпишаа Договорот за транспортна заедница

Земјите од Западен Балкан на Самитот во Трст го потпишале договорот за транспортна заедница, кој на прес конференција во понеделникот го најави евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар. За ова денеска на прес конференција, информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

Со 1,3 милијарди евра, Европската Унија го финансира Договорот за транспортна заедница, кој според најавите, ќе опфати проекти од сферата на транспортот, животната средина и енергијата. Министерот Сугарески вели дека само Босна и Херцеговина не го потпишала ваквиот договор.

„Тоа е поврзување на сите држави од Западен Балкан со Европската унија – поврзување низ сите коридори кои се низ Западен Балкан. Во натамошниот период договорот треба да биде имплементиран во фази“, изјави Сугарески.

На денешната прес конференција се обрати и заменик претседателот на владата, задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев кој рече дека Македонија е најголем добитник од Самитот. Како што и претходно објавивме, на средбата во Трст, ЕУ и’ доделила на Македонија грант од 70 милиони евра за изградба на втората делница од пругата кон Бугарија.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица

Граѓаните веќе може да сообраќаат на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, која претставува последен ...

Првичен сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија

НБРМ го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, ...